Славчо Попоски најавува невреме – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

|

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Повремено во делови од котлината ќе има услови за нестабилност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 34 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.