|
Околината на Делчево доцна попладнево го зафати силно невреме од дожд, град и силен ветер.
Нестабилното време започна во поладневните часови а од поројниот дожд кој започна да паѓа околу 19 часот, поплавени се градските улици и при тоа уништени се неколку автомобили, јавуваат локалните медиуми.
Според известувањта причинети се материјални штети на куќите и станбените објекти во градот, а некои населби во околијата немаат електрична енергија.
Поради врнежите од дождот во моментот ветрот стивна и е со послаб интензитет. Освен паднатите лимови од кровните конструкции од силниот ветар настрадаа и повеќе кабли поставени на пониските бандери, како и ќерамиди на куќите од повисоките делови на градот.
Извор: Слободен печат