Ако се усвојат барањата на енергетските компании цената на струјата ќе скокне за половина

ИЗВОРТелма
|

Четирите енергетски компании веќе ги испратија своите барања до регулаторната комисија за енергетика која врз основа на свои пресметки-треба да ја пресмета и соопшти новата цена на струја. Апетитите на ЕСМ, ЕВН, МЕПСО и МЕМО се големи и двоцифрени и барањата се движатод 17 до 80 проценти. Според пресметките на КОД, доколку се прифатат сите барања, цената на струјата би скокнала за половина.

Вечерва во КОД и за тоа која компанија има најголем удел во цената на струјата и колку е државното производство на струја. Интервју и со претседателката на антикорупциската комисија Билјана Ивановска за нивните случаи кои тапкаат во место кај надлежните истражни органи.