|
Видеото објавено на ТикТок покажува кулинарски трик кој ќе ви помогне да ги исечете пиперките без семките да се расфрлаат наоколу и да направат неред.
На ТикТок профилот ‘Медицинска сестра која сака да готви’, споделено е видео кое прикажува трик за сечење пиперки.
Авторката на видеото, Грејс, демонстрира како ја врти пиперката наопаку и со остар но ж сече кон дното.
Потоа ја раздвојува на четири дела, за насредина да остане делот со семките.
„Пробано: едноставен трик со пиперка“, го опишала Грејс своето видео.
Во коментарите под видеото многумина истакнале дека овој совет ги спасил од нередот и чистењето семки.