Речиси сите луѓе на планетава обожаваат кога ќе дојде лето и периодот на лубеница.
Сепак, самата помисла на нередот кој настанува додека ја сечеме, не е толку пријатен.
Во 100 грама лубеница има 30 калории, 7,6 јаглени хидрати, 6,2 шеќери. Сепак, таа се смета за добар извор на витамин Ц, калиум, бакар, витамин Б5, витамин А, а тука се и суперздравите аминокиселини цитрулин и антиоксидантот ликопен.
Залудно е да се набројува за што сè е корисна лубеницата, а многумина понекогаш ја прескокнуваат поради нередот кој настанува при сечењето. Меѓутоа, тоа не мора да биде така.
Бидејќи постојат многу трикови за уредно сечење на лубеницата, се покажа дека овој сепак е најдобар. Имено, сè што е потребно е да го пресечето плодот цик-цак по должината и да ги раздвоите двата дела.
Погледнете во видеото како изгледа тоа.