Поради летните горештини и африканскиот бран кој се најавува деновиве, многумина од нас посегнуваат по далечинското за климатизација и ја местат температурата на многу пониски температури отколку оние кои се надвор. Токму поради тоа клима уредот одвај ја постигнува посакуваната температура и троши многу повеке електрична енергија.
Високите температури ќе ги загреат сите простории од куќата или станот каде што живеете, па мислите дека нема друг начин за да се изладите и да ги избегнете горештините. Сепак не очајувајте, постојат и неколку природни решенија, односно многу други начини за ладење на топла просторија без скапа опрема, а ова се најдобрите начини да ги испробате:
Направете провев – Отворети врати или прозорци од две различни страни во домот, односно оставете го воздухот да влезе од едната и да излезе од другата страна. Доколку собите ви се на иста страна за истиот ефект, можете да ја отворите влезната врата.
Ако можете, гответе надвор – Разладувањето на топла кујна е потешко ако постојано се готви во неа. Ринглите, рерните и бокалите за загревање вода произведуваат многу топлина која потоа останува во домот и се шири во сите соби, па затоа се препорачува, доколку сте во можност, почесто да готвите на отворено за да се намали создавањето топлина во затворен простор.
Намалете ја употребата на електрични апарати – Многу електрични апарати како телевизори и полначи, освен што трошат енергија, произведуваат и топлина. За да се избегне ова, се препорачува да го исклучите уредот кога истиот не го користите. На овој начин не само што тие нема да ја зголемат температурата в домот туку и ќе заштедат струја, затоа што и така уклучени во штекерот тие трошат електрична енергија.
Ако треба да ги перете алиштата, треба да избегнувате да ја вклучувате машината за сушење, туку искористете го убавото време за да ги исушите алиштата надвор.
Испрскајте го мебелот со ладна вода – Едноставно наполнете го шишето со спреј со вода и ставете го во замрзнувач 30 минути, а потоа обилно испрскајте го тапацираниот мебел за малку да се излади.
Затемнете – Доколку ја немате досега, треба да стекнете навика да ги кревате завесите и да ги спуштате ролетните во текот на денот кога е најтопло, од 10 до 15 часот, за да избегнете продирање на сончева светлина а со тоа и топлината.
Дополнително, отворете ги ширум прозорците за да дозволите ветрето да влезе без дополнителна топлина. Ако прозорците во некои простории се изложени на директна сончева светлина, поставете темни или затемнети завеси или ролетни за да спречите сонцето да ја прегрее просторијата.
Исполнете го просторот со растенија – Растенијата му помагаат на домаќинството да се олади бидејќи користат топол воздух за нивните природни процеси. Кога атмосферата околу нив ќе се загрее, растенијата ќе го ослободат вишокот вода што го содржат и на тој начин ќе се разладат себеси и просторот околу нив, а најефикасни за тоа се алое вера и индијанско перо, кои и двете имаат висока содржина на вода.