Штрајкот на ССМ продолжи и денеска пред Министерството за труд и социјална политика, а на него се појави и министерката Јована Трнечевска, која ги покана на средба синдикалците, но повторно без решение.
-Eднаш засекогаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колектривен договор кој ќе дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците, рече Тренчевска.
Од Синдикатот велат дека може да се разговара за оваа нова методологија, но прво мора да биде исполнато барањето за покачувањето од 2.806 денари за сите вработени во јавниот сектор.
Како што истакнуваат тие денешната средба не резултирала со некакви конкретни чекори, освен дека ќе бидат закажани идни средби со ресорните министри. Инаку, истече и рокот за помирување со медијација, а до последниот ден, медијаторот ги повикал само еднаш на информативна средба.
Додека, пак, работниците штрајкуваат, власта донесе Измени на Законот за работни односи со кои се дозволува работниците во туристичките места да работат и во недела, на што ССМ реагира, дека е спротивно на она што било договорено кога се носел Законот, односно неговата цел – работникот да добие одмор.
Штрајкот на јавниот сектор ќе продолжи и утре, и тоа пред Министерството за информатичко општество.