|
Секој човек кој барем еднаш пробал баба леб станал зависен од овој прекрасен вкус, па доколку сакате да го подготвите дома имаме одлична вест за вас… Сè што ви треба се четири состојки кои нема да ви е тешко да ги најдете.
Овој рецепт уште пред неколку години стана хит, потребно ви е кондензирано млеко, малку брашно, 1 лажичка прашок за пециво и 4-5 банани.
Испасирајте ги бананите додека не бидат течни и измешајте ги со млеко и две и пол чаши (за чај) брашно.
Смесата ставете ја во калап за леб со хартија за печење и додадете две, три капки вода. Печете го еден час на средна температура.
По желба врз изпечениот банана леб можете да додадете шлаг, сируп или да додадете што вам ви се допаѓа.