Заседаваше Комисија за Заразни болести – Што се одлучи?

|

Комисија за Заразни болести на денешниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи во однос од минатата недела, зголемувањето изнесува 65.8%.

„Воедно констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со боледта) и нема зголемување ниту на бројот на случаи со најлош исход. Согласно овие параметри и земајќи го во превид трендот на зголемување на позитивните случаи во соседните држави и светот потсетуваме на обврската за задолжитенло носење маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз“, велат од таму.

Од таму дополнително препорачуваат до граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да користат општите мерки за лична заштитна, а тие се: заштина маска, одржување растојание и одржување на лична хигиена особено при посета на затворени и невентилирани простории.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените на истата ќе донесе советни препораки.