Во ова туристичко место лежалките се бесплатни, сместувањето чини 8 евра за ден

|

На голем дел од плажите во Црна Гора лежалките се бесплатни по 17 часот, што значи дека туристите ќе имаат намалени трошоци во овој дел.

– 50 отсто од плажите се слободни, освен оние кои се дел од хотелските комплекси. Тоа значи дека доколку туристите не сакаат да изнајмат лежалка и/или чадор не мора тоа да го сторат. По 17 часот лежалките и чадорите на сите плажи се бесплатни, информираат туристичките работници.

Инаку цените за комплети од две лежалки и чадор се движат од 8-10 евра.

Во поголемиот дел од приморскиот дел на Црна Гора во рестораните ручек за четиричлено семејство може да се порача и по цена од 16 евра.

Доколку се одлучите за хотелско сместување цените се движат од 20 евра, во зависност од дестинацијата и категоријата на хотелот, додека во приватните апартмани ќе платите 8 евра по лица.

Голем број хотели нудат бројни поволности, попусти за деца до 14 години, бесплатно за деца до 4 години, попусти за подолг престој, бесплатни реквизити за на плажа.