СЛАВЧО ПОПОСКИ СО НАЈАВА: МНОГУ ТОПЛИОТ БРАН ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ УШТЕ ДОЛГ ПЕРИОД – СЕПАК ПОСТОЈАТ УСЛОВИ ЗА ПОПЛАДНЕВНО И ВЕЧЕРНО НЕВРЕМЕ

|

Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, уште подолг период времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност и со ЕКСТРЕМНО ВИСОК Ув – индекс кој ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

Сепак во попладневните и во вечерните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и од поголем пречник.

Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени.

НАПОМЕНА: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКАТА вредност на Ув – индексот препорачуваме да се заштитувате од лошото влијание на сонцето, како и да пиете што повеќе течности. Исто така старите и изнемоштени лица да не излегуваат во најнтоплиот дел од денот. Многу топлиот бран барем според моменталните анализи со кој располагаме ќе се задржи дури до околу 10 јули.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki