Јули 2022 година во астролошка смисла има многу што да понуди бидејќи, како што велат астролозите, повеќето планети ќе бидат во својот знак.
Тоа значи дека ќе има помалку тензии, а многу забава и успех, што најмногу ќе го почувствуваат овие 4 хороскопски знаци.
Бик
Самодовербата на Биковите значајно ќе порасне во јули, што ќе биде подготовка за голем настан кој ги очекува во август. Овој знак на извесен начин е ѕвезда цела оваа година бидејќи лесно добива почит од околината, а самодовербата постојано му расте.
Меѓутоа, за навистина да имате повеќе самодоверба, ќе треба и малку да се потрудите – да ги прифатите вашите несигурности и ограничувања.
Полната Месечина на 13-ти јули ќе биде во вашата 9-та куќа, а овој транзит ќе ви донесе мноштво генијални идеи кои ќе ви помогнат да напредувате во секоја смисла.
Близнаци
Овој месец ќе мора да се фокусирате на тоа да престанете да им докажувате на луѓето колку вредите. Оваа година е одлична за вас бидејќи конечно чувствувате дека заслужувате сѐ што посакувате, а меѓучовечките односи значително ќе се подобрат како во кругот на пријателите, така и со колегите.
Во јули ќе имате многу прилики да го изразите вашето мислење, а тоа е она што најмногу го сакате. Кога еднаш ќе „прозборите“, ќе сфатите колкава е вашата внатрешна моќ и ќе знаете како и што понатаму.
Овој месец ќе ви биде одличен и за работата, но ќе бидете под стрес поради многу обврски, па затоа пронајдете начин како да се опуштите.
Рак
Крајно време е да престанете да чувате некои одлични идеи кои ги имате само за себе, и да ги изнесете и претставите таму каде што е потребно.
Во претходниот период стагниравте, а за тоа делумно сте и самите виновни бидејќи постојано нешто одложувавте и сакавте сѐ да биде совршено. Меѓутоа, овој месец ќе имате големи деловни успеси, но добро ќе ви оди и на полето на љубовта.
И уште нешто – Раковите овој месец ќе имаат прилика да исполнат една од своите најголеми желби, па затоа не ја пропуштајте приликата!
Девица
Слободните Девици во јули ќе имаат прилика да ја пронајдат љубовта на својот живот. Бидете отворени за љубов и потрудете се да ги избалансирате љубовниот и деловниот живот и повеќе да носите одлуки со вашето срце.
Во наредните месеци ве очекуваат некои препреки и нема сѐ да оди толку лесно, затоа искористете го месецот до максимум и поврзете се со пријателите и познаниците и едноставно опуштете се.