Џони Деп се враќа на актерството: Отпатувал во Париз, глуми позната историска личност

ИЗВОРНов Лист
|

Неколку недели откако ја доби тужбата за клевета што ја поднесе против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Џони Деп се врати на снимање. Актерот беше фотографиран минатиот викенд во Париз, каде ќе го снима својот нов филм со францускиот режисер Мајвен.

Џони Деп ќе го игра познатиот француски крал Луј XV. „Варајети“ претходно напиша дека снимањето на филмот ќе започне летово во околината на Париз, пред се во Версајската палата и ќе трае три месеци.

Според пишувањата на медиумите, режисерот Мејвен (46) ќе глуми и заедно со Деп во улогата на грофицата Жана ду Бери, последната љубовница на Луј XV.

Џони по судењето изјави дека „животот му се вратил“ и дека „најдоброто допрва доаѓа“ за него.