По веста за раскинувањето на пејачката Шакира (45) и фудбалерот Жерар Пике (35), се појавија многу шпекулации зошто на славната врска и дојде крајот. Поранешниот девер на Шакира ги извадил валканите алишта на нејзиното семејство и ги открил можните причини за распадот на врската.
Поранешното момче на една од сестрите на Шакира, Роберто Гарсија за шпанскиот медиум EsDiario изјави дека проблемите меѓу колумбиската ѕвезда и фудбалерот започнале поради пари. Пике наводно побарал пари од Шакира за да може да ги инвестира во други бизниси, но пејачката одбила бидејќи нејзините родители и рекле да не го прави тоа.
– Според она што ми го кажа многу близок човек, меѓу нив двајца имало економски проблем. Наводно, Пике барал пари од Шакира за разни инвестиции, а семејството на Шакира одбило да ги даде. Не ги мешаат парите, а семејната фарма ја чуваат на 50% – рекол Гарсија и коментирал дека пејачката никогаш немала намера да се мажи.
Шакира се фокусираше на Пике затоа што сакаше да биде татко на нејзините деца. Таа знаеше дека никогаш нема да се омажи за него, додаде тој.
Да потсетиме, парот е заедно од 2011 година, а се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна од Светското првенство.
– Жал ни е да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето – изјавила пејачката.
Иако никогаш не се венчаа, Шакира и Жерарг во текот на нивната врска добија два сина, Милан (9) и Саша (7).