Цеца Ражнатовиќ на своето неодамнешно деби ја искористи можноста да се појави во малку поинакво издание. Балканската ѕвезда не се двоумеше, па своето змиско тело го обви во тесен фустан кој одлично и прилегаше. Цеца пред финалето на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ позираше за фоторепортерите и многумина коментираа дека ова е едно од нејзините подобри изданија.
Фустанот на Цеца, кој го носеше на споменатиот настан, многумина потсети на култната манекенка Мерилин Монро, која до неодамна беше класифицирана како „национално богатство“ се додека Ким Кардашијан целосно не ја сквернави.
Доколку ги следевте вестите кои ги наполнија сите медиуми, популарната старлета Ким на најголемиот настан Мет Гали се појави во фустан кој холивудската дива Монро го носеше додека му пееше роденденска песна на претседателот Кенеди.
Гледајќи ја Цеца во моделот што го претстави на финалето, многумина се потсетија на најубавиот фустан во историјата на модата, велејќи дека фустанот на Цеца неодоливо потсетува на моделот проценет на 5 милиони долари. Се чини дека знаеме и зошто. Поради моделот, бојата, екстравагантноста и неприкосновениот сјај со кој и оваа вечер блесна Цеца.
Долг и сјаен, со многу циркони, но сепак поинаков крој, фустанот на Цеца дефинитивно ги освои сите симпатии.