Од јуни до септември е сезоната на лубеници и тогаш овој плод е највкусен.
Лубеницата можете да ја јадете самостојно или да ја додавате во овошна салата, а од нејзината кора се подготвува вкусно и декоративно слатко.
Потребни состојки: – 350 гр. исчистена кора од лубеница – 300 гр. шеќер – 200 мл. вода – половина лимон – стапчиња ванила по вкус – половина лажица сода бикарбона.
Начин на подготовка: Кората од лубеница исечкајте ја на мали коцки. Растворете половина лажица сода бикарбона во вода, па ставете ги коцките кора. По потреба додајте уште малку вода за целосно да се прекријат. По половина час истурете ја водата и измијте ја кората.
Во поголем сад ставете шеќер и вода. Ставете го садот на оган и оставете да зоврие, па во него додајте ја кората и варете околу половина час на ниска температура.
Неколку минути пред крајот на готвењето додајте сок од половина лимон или лимон исечкан на кришки, а по желба додајте и неколку стапчиња ванила. Слаткото покријте го со крпа и оставете да се излади.
Целосно изладеното слатко ставете го во чиста тегла, поклопете со проѕирна фолија, а потоа и со капак.