|
Според пресметките на Телма за кои потврда добивме и од претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на струјата за малите индустриските капацитети, цената на струјата ќе биде 19,04 денари за киловат/час.
Тоа ќе биде скапата тарифа за малите потрошувачи од индустријата кои се во групата потрошувачи Lv. 04 I и Lv. 04 II. Претходната цена на струјата за овие потрошувачи изнесуваше 13,46 денари за киловат што значи дека има покачување од над 41,3 %.