Од денеска цигарите во Србија поскапуваат за 10 динари по кутија

|

Во Србија цигарите од денеска поскапуваат за 10 динари по кутија.

Покачувањето на цените се должи на зголемувањето на акцизата, која се коригира на секои шест месеци, односно во јануари и јули, согласно акцизниот календар – јавува euronews.rs.

Акцизата ќе се зголеми од 79,75 на 81,25 динари, односно за еден и пол динар, а до крајот на 2025 година ќе се зголеми уште шест пати, според динамиката на корекција двапати годишно.

Целта на овие измени е усогласување со стандардите на Европската унија (ЕУ), според кои до 2025 година и во Србија државниот приход на 1000 цигари треба да се зголеми од 70 евра колку што е сега на најмалку 90 евра.