Еве по колку се чека на ГП „Табановце“ и на „Богородица“

|

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава на ГП „Табановце“ е околу еден час, а за излез на ГП „Богородица“ од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Информациите се дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.