Невреме го зафати Скопје, силен ветер, дожд и грмотевици

|

Силно невреме го зафати главниот град Скопје попладнево.

Невремето е проследено со силен дожд, ветер како и грмотевици.

Според УХМР, на места ќе има услови за појава на град.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

Во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Сепак, во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10. Напомена: Поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените – вели метео прогнозерот Попоски.