Антонија Шола позираше со десет години помладото момче: „Ова е вистинска љубов, баш сте слатки …“

|

Хрватската пејачка Антонија Шола (43) и музичарот Марио Регеља (32) од бендот „Љубавници“ минатата година ја потврдија врската, а сега на социјалните мрежи споделуваат и фотографии на кои се многу заљубени.

Имено, пејачката на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои позира со десет години помладиот дечко.

„Секогаш со мене“, напиша Шола под објавата.

И Марио на својот Инстаграм профил ги објавил фотографиите на кои Антонија му седи во скут и со рака го гали по лицето, а ниту еден од нив не ја симнал среќната насмевка од лицето.

„Моја“, кратко напишал Марио во описот на фотографиите.

Бројните фанови не ја пропуштија приликата и им напишаа безброј комплименти.

„Најубаво кога ве гледаме заедно и насмеани“,„Чувај ја како зеницата во твоето око “,„Ова е вистинска љубов, баш сте слатки“, „Да се сакате до крајот на животот. Ви посакувам здравје и среќа“ – им на пишале следбениците.