Од „ЕВН Македонија“ АД соопштуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Гиго Михајловски бр.10. ( општина Карпош )
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, потрошувачите во околина на базенот Сарај. ( општина Сарај )
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Мите Богоевски (од крстосницата со ул.Гаврил Константиновиќ до бр.42. ( општина Аеродром )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул.Ветрило, објектите од долната подуличка и еден објект после кривината во нивите. ( општина Сопиште )
– во периодот од 10.00 до 15.00 часот, објектите во с.Бардовци ( општина Карпош ).
Поради дефект на огрлица на улица „Тиранска“ бр. 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа, како и од улиците „Лука Геров“ и „Пелинце“ во населбата Даме Груев.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:15 часот.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.