Патнички авион на „Emirates“ летал од Дубаи речиси 14 часа со огромна дупка на трупот пред да слета во Бризбејн, Австралија. Патниците пријавиле силен тресок кај се слушнал додека авионот летал над океанот на пат кон Австралија. Кога слетал итната помош била шокирана од големината на дупката.
„Ербас А380 на Emirates слета во Бризбејн со дупка на трупот. И покрај штетата, пилотите одлучија да го продолжат летот за Бризбејн“, напиша Твитер корисник. „Беше апсолутно застрашувачки“ напиша друг корисник на Твитер.
Дејли Мејл пишува дека компанијата Емирати одлучила да го продолжи летот кој траел речиси 14 часа. Непосредно пред слетувањето, тие ја контактирале контролата на летање во пристаништето Бризбејн и пријавиле дека постои можност да им пукнала гума при полетувањето.
Летачкиот екипаж побарал да го пречекаат службите за итни случаи при слетувањето, пишува Aviation Herald. Очевидци велат дека работниците на итната помош биле шокирани од големината на дупката во трупот. На носот на авионот бил пронајден откачен штраф.
Засега не се знае дали завртката и дупката на авионот се поврзани.