Нема ни капка масло и е многу ЕФТИНО: Маринирани стапчиња од тиквичка кои воодушевуваат со вкусот

|

Доколку ви доаѓаат гости и сакате да направите нешто набрзина како закуска а притоа да не потрошите многу пари, имаме одличен рецепт за вас! Маринирани стапчиња од тиквичка кои воодушевуваат со вкусот и сите со сигурност ќе ги обожаваат.

Состојки: 1 голема тиквичка, 2 лажици палента, сол, малку сув зачин, малку црвена мелена слатка пиперка и малку оригано.

Подготовка: Тиквичката треба да ја излупите, па да ја исечете на стапчиња со еднаква должина и ширина, а по желба исчистете ги и семките. После тоа, време е да ја подготвите смесата во која ќе ги виткате тиквичките.

Измешајте палента, сув зачин, мелен црвен пипер и малку оригано. Во сето ова ролајте ги тиквичките и наредете ги во плех. Печете на 200 степени додека не поруменат, приближно 30 минути.