Највкусната приказна започнува со Вас.
Класичниот италијански рецепт за тесто, направено од високо квалитетното италијанско брашно Caputo, споено со одбрани квалитетни состојки го создаваат она што ние го нарекуваме Pizza Moretti.
Љубовта кон готвењето и италијанската кујна заедно со долгогодишното работно искуство кое го собравме во нашата држава, низ Европа и источниот брег на САД одлучивме да го пресликаме во 17 видови на пици, покрај нив уште 9 други производи кои го богатат нашето мени.
Се одлучивме да започнеме во можеби најлошото време за започнување на ваков бизнис, кога сите намирници се далеку поскапи од регуларната цена, кога економијата во светот оди во надолно ниво,но ние имаме верба во она што го работиме и сме сигурни дека ќе бидеме добро прифатени од Скопјани.
Со нетрпение очекувавме да започнеме во нашата локација која се наоѓа во населба Аеродром на улица Бојмија и да ви понудиме малку поразлични пици, покрај класичните за кои нема исклучок и мора да се на секое мени, се одлучивме да понудиме и пици со поспецифични вкусови. Нашите фаворити и најпопуларни пици од менито во првите две седмици од работење се: Тако Мексикана, Пица Медитеранеа, Тоскана Бјанка, Пица Чили Маре и Пица Инферно за оние најискусните, за љубителите на луто.
Вршиме бесплатна и брза достава до вашиот дом или работно место. За повеќе информации заследете не на нашите социјални мрежи Facebook и Instagram @PizzaMorettiMk на кои секојдневно може да го следите нашето работење, како и нашата веб страна www.pizzamoretti.mk за најлесен пристап до нашето мени.
Ве очекуваме, Pizza Moretti.