До четврток под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови и понатаму во следните денови ќе биде нестабилно, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Освежување на времето и позначителен пад на температурите ќе има од петок па натаму, кога понатаму ќе биде нестабилно со услови за појава на локално НЕВРЕМЕ. Освежувањето ќе биде проследено и со засилен северен ветер.
Темпертурите од петок ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени. Локални врнежи и нестабилност исто така ќе има и за време на викендот.
И во Скопје и околината до четврток ќе биде МНОГУ ТОПЛО, а позначително освежување со засилен северен ветер и нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд и грмежи ќе има од петок.
Услови за нестабилност ќе има и денес до крајот на денот, како и утре – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.