Светата маче ничка Агрипина
Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на стр астите и налевајќи го со благоухание на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пост рада во времето на царот Валеријан. Претрпе бие ње со стапови, се дури не и ги скр шија коските. И се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните ма ки го предаде својот дух.
Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника и ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маче ничка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се уп окои во 275 година.
Тропар
Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маче нички болки, туку и од заробеноста светска која кон тебе иташе, о јагне Христово Агрипино, света девственичке, твоите молитви да бидат темјан пред престолот Божји, за спасение на родот човечки.
Светите маченици Евстохиј, Гај и другите со нив
Евстохиј беше идолски жрец во времето на царот Максимијан. Гледајќи го херојството на христијанските маче ници го отфрли незнабоштвото и се крсти. Го крсти самиот епископ Антиохиски Евдоксиј. Потоа Евстохиј полека ги обрати сите свои роднини во Христовата вера. Гај му беше роднина и се крсти заедно со тројцата младенци: Пров, Лолиј и Урбан. Сите овие, а уште и други со нив, беа изведени пред суд, мач ени и иск асапени заради верата во Господ Христос, во Листра. Нивните души се преселија во бесмр тното Царство Христово.
Тропар
Евстохие свет, саду на Божјата благодат, Христос ја посети душата твоја и срцето го подигна за сведоштво маче ничко, од кое се исползува Гај, кој татковски покров непоколеблив на верата, за Лолија, Прова и Урбан постана. Небесата сите вас со венци нетрулежни и радост неодминлива ве дочека, а ние ве чествуваме денес, на вашите свети молитви надевајќи се.
Споменот на Владимирската икона на Пресвета Богородица
Кога татарскиот цар Ахнет ја опколи Москва, кнезот Јован Василевич тргна со вој ска да ја брани Москва. Иако во јската на овој кнез беше малубројна и послаба од вој ската татарска, сепак таа излезе победоносна. Зашто навали одеднаш неопислив страв на Татарите, та се збунија и се разбегаа. Овој неочекуван успех сите и го припишуваа на иконата на Пресвета Богородица пред којашто народот се молеше за избавување од Татарите. Заради ова во Русија е одреден за спомен на ова чудо денот 23 јуни.
Тропар
Денес градот Москва, кој прославува, светло се украсува примајќи ја како сончев зрак, Твојата чудотворна икона; кон Неа сега притекнувајќи и Тебе молејќи Ти се, повикуваме: моли се на воплотениот од Тебе, Христос нашиот Бог, да го сочува овој град и сите градови и земји христијански, неповредени од сите замки непријателски, и да ги спаси душите наши како Милостив.
Повест за покајанието на Теофил
Од завист кон епископот, Теофил му ја предаде душата на ѓаволот и на хартија се одрече од Христа и од Богородица. Но потоа горко се покаја, по четириесетдневен пост и солзливи молитви, плачејќи испроси прошка од Светата Пречиста и ја прими назад напишаната хартија што му ја беше дал на ѓаволот. Јавно го исповеда својот грев во црквата пред епископот и народот. И кога епископот му изрече простување и го причести, лицето на Теофил заблеска посилно од сонцето. Тој е пример дека Бог не само што им ги простува гревовите на вистинските покајници туку и ги вбројува меѓу светителите.
Тропар
Благословен си Ти, Христе Боже наш, Кој несовладливото ор* жје – покајанието го предаде во рацете човечки, неразбирливо за непријателите, прославувано од Ангелите и достојнославна мудрост на Светиите. Радувај се, Теофиле, кого Бог до крај на см*т не го предаде, туку преку Пресветата достојно покајание допушти, за твојата душа да се излечи и лицето благодат светла покажа.
Света Саксбурга
Света Саксбурга била кралица на Кент, која имала неколку сестри кои подоцна биле прогласени за светителки. Основала манастир, каде што нејзината ќерка Ерменилда живеела како монахиња. Подоцна стапила во манастирот во Или, каде нејзината сестра Етелдреда била игуменија. Кога се упок оила сестра и, света Саксбурга станала игуменија на манастирот. Се упоко ила во Господ во 699 година, а нејзините мошти биле пронајдени нетлени.