Невремето вчера направи штети во Ѓорче – надлежните цела ноќ на терен

|

Како што информираше градоначалникот на општина Ѓорче Петеов, Александар Стојкоски, по невремето кое ја зафати општината вчервавечер веднаш на терен излегоа екипите на Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров во координација со Пожарна Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје и делуваа на критичните места.

Веднаш беа превземени мерки за санација на сливниците за атмосферска канализација, а пожарната единица делуваше со пет тима на терен.

Општината располага со две пумпи и истите се активирани за поддршка на активностите.

Како што информираа надлежните активностите продолжија во текот на ноќта со цел брза санација на последиците.