Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ „ бр.21/98 и 18/07) 9-ти јули сабота, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Македонија им го честита празникот Курбан бајрам, стои во соопштението од МТСП.
Во продолжение поглдднете кои се сите останати неработни денови до крајот на годинава кога ќе одмораме.
За сите граѓани на РМ: 02 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед: 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.