Период на одмори: Еве колку се чека на граничните премини во Македонија

|

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Табановце чекањето за влез и излез од државата е околу 45 минути, соопшти Автомото сојузот.

На останатите гранични премини, од македонска страна, како што информираат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.