Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера преку социјалните мрежи излезе со официјално соопштение за медиумите дека се разведува од поранешниот фудбалер, а сега менаџер Душко Тошиќ по 14 години брак во кој ги добија двете ќерки Ника и Атина.
– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство.
Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да молам за разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само фалење и миење на устата со животот, на што сум навикнат… па ајде.
Преживеав се, па ќе го сторам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот беше пренесен на нашите деца, старателството на нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Повеќе нема да се рекламирам на овој начин – напиша Јелена на својот Инстаграм профил.
Првиот брак на Јелена беше со Бојан Кариќ од познатата импрерија Кариќ. Невестата блескаше во венчаница „Донатела Версаче“ а гостите добија подароци – чоколадни бонбони во тул, украсени со грозје и рози „Сваровски“, со листови и сребрена рачка.
Сепак, парот се разведе по една година во март 2005 година откако Бојан ја фати Јелена со неговиот телохранител.