На социјалните мрежи се шири апел за помош на наши сограѓани кои го бараат својот роднина. Според напишаното Блаже околу 11.00 часот излегол од домот со цел да види дали има комбајн за жетва, до овој момент му се губи секаква трага.
„Апел до сите добронамерни луѓе кој сакаат да помогнат за пронаоѓање на Блаже Аљакоски од с.Мало Коњари кој на 05.07. околу 11.00 часот излегол од домот со цел да види дали има комбајн за жетва до овој момент му се губи секаква трага. Денес 06.07. во 17.00 часот од пред манастирчето во с.Мало Коњари ќе се обидеме за негово пронаоѓање сите заентересирани за повеќе информации на тел.078-351-722“, стои во објавата на Фејсбук