Сојузот на синдикати на Македонија ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори согласно со Законот за минимална плата. Тужбата, како што денеска изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски, ќе биде поднесена пред домашните и странските судови.
ССМ ЌЕ ПОДНЕСЕ КОЛЕКТИВНА ТУЖБА ПРЕД ДОМАШНИТЕ СУДОВИ И ПРЕД СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ПО ОСНОВ НА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ, НЕПОСТОЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ, КОЈ ВО МИНАТОТО ГО ИМАВМЕ, КАКО И ПО ОСНОВ НА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ СО КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ, ИЗЈАВИ ДИМОВСКИ ПО ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ССМ.