Откриена џиновска озонска дупка над тропските предели, седум пати поголема од Антарктикот

ИЗВОРНов Лист
|

Над тропските региони е откриена озонска дупка седум пати поголема од озонската дупка на Антарктикот.

Сепак, според канадскиот истражувач Чинг-Бин Лу, постои од 1980-тите. Се проценува дека дупката постои уште од осумдесеттите, но дури сега е реализирана нејзината вистинска големина.

Професорот Чинг-Бин Лу од Универзитетот во Ватерло во Онтарио ја откри оваа озонска дупка која опстојува во сите годишни времиња во долната стратосфера над тропските предели (на 30 степени северна – 30 степени јужна географска ширина).

Длабочината на оваа тропска озонска дупка е споредлива со длабочината на добро познатата озонска дупка што се појавува во пролетта над Антарктикот, додека нејзината површина е околу седум пати поголема.

Во средината на седумдесеттите, атмосферските истражувања покажаа дека озонската обвивка, која го апсорбира најголемиот дел од сончевото ултравиолетово зрачење, може да биде оштетена од индустриски хемикалии, пред се хлорофлуоројаглероди (CFC), се вели во статија на порталот Дискавери.

Откривањето на озонската дупка на Антарктикот во 1985 година ја потврди штетата на озонската обвивка предизвикана од CFC. Иако забраните за такви хемикалии помогнаа да се забави осиромашувањето на озонската обвивка, новите докази сугерираат дека штетите опстојуваат.

„Тропските предели сочинуваат половина од површината на планетата и се дом на околу половина од светската популација. Постоењето на тропска озонска дупка може да биде причина за голема глобална загриженост. Осиромашувањето на озонот може да доведе до зголемено УВ зрачење на површината на Земјата, што пак може да го зголеми ризикот кај луѓето и намалена земјоделска продуктивност.

Набљудувањето на големата тропска озонска дупка е изненадување за научната заедница, бидејќи тоа не беше предвидено со конвенционалните фотохемиски модели. Како и кај постарата поларна дупка откриена во 1985 година, откриено е дека недостасува околу 80% од вообичаената концентрација на озон во центарот на тропската дупка.

Губењето на озонот води до стратосферско ладење, така што постоењето на тропска озонска дупка во текот на целата година и сезонски поларни озонски дупки е еквивалентно на формирање на три „температурни дупки“ во долната стратосфера на Земјата.

извор:b92.net