Преубавата македонска пејачка Викторија Лоба на Инстаграм објави своја фотографија без филтер и грам шминка. Лоба на фотографијата е во сосема природно издание и изгледа совршено.
Очигледно е дека Викторија се грижи за својот изглед, и преку нејзиниот Инстаграм профил често можеме да видиме дека е бренд амбасадор на козметичка линија чии производи редовно ги промовира на своите следбеници.
Според текстот на фотографијата каде го покажа своето лице без филтри и шминка, односно во комплетно природно издание, може да се каже дека е задоволна од ефектот од примената на производите.