Владата нема да одлучува за францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на земјава. Тој ќе оди директно во Собрание заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи, изјави вицепремиерот за политички системи, Артан Груби.
Далиборка Демјанска Цветановска известува дека тешко дека денеска ќе има расправа за Францускиот предлог , затоа што тој се уште не е стигнат во законодавниот дом а треба да биде преведен и на Албански јазик.