Бројките растат: Д-р Злате Мехмедовиќ откри дали се подготвуваат нови мерки

|

Откако бројот на заразени во земјава повторно расте, д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести денес за МИА истакна дека состојбата се следи на дневно ниво и носењето на нови мерки најмногу зависи од болничките капацитети и бројот на лица со најлош исход.

– Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе бидат согласно параметрите што ги следиме од Центарот за контрола за болести, а тоа не е само бројката на новозаразени, туку се и болничките капацитети, односно исполнетоста на болниците, како и бројот на поч инати што се регистрираат согласно дневните статистики, вели Мехмедовиќ.

Согласно анализите во последниот извештај, тој истакна дека во моментов актуелни се мерките за носење маска во јавен превоз, аптеки, здравствени установи и старечките домови и домови за лица со попреченост.

Доколку има промена во епиде миолошката состојба, како што посочи Мехмедовиќ, ќе бидат разгледани параметрите и Комисијата ќе препорача нови мерки за заштита од болеста.

Во однос на исполнетоста на болничките капацитети, тој информираше дека согласно податоците од Клиниката за инфективни болести, сè уште има доволно болнички капацитети што можат да се стават на располагање, но забележан е зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника.