Иако летото е како создадено за љубов, некои знаци во зодијакот ќе наидат на проблеми, без оглед на тоа дали се во брак, врска или се слободни.
Дознајте за кои хороскопски знаци станува збор:
Лав
Лавовите кои се во брак можат да имаат големи недоразбирања со партнерот. Ако многу работите, а малку време минувате дома, мора да ја разберете лутината на партнерот. Време е да си направите листа на приоритети.
Ако сакате да си го спасите бракот, неопходно е повеќе да му се посветите.
Доколку сте сами, немојте по секоја цена да трчате по потенцијален партнер. Посветете се себеси, на вашите желби и потреби. Љубовта ќе се случи кога за тоа ќе дојде вистинското време.
Вага
Вагите кои не се во врска ќе бидат во дилема, дали да се откажат од потрагата по сродна душа или да продолжат да одат на исцрпувачки љубовни состаноци, надевајќи се дека ќе наидат на вистинскиот.
Астролозите не ви советуваат предолго да се двоумите, бидејќи така ризикувате да пропуштите добри шанси.
Риби
За Рибите кои се во брак, јули ќе биде тежок период бидејќи во тоа време ќе оживеат старите конфликти. Треба да покажете максимална толеранција за да не предизвикате непотребни караници со партнерот. Обидете се да го разберете, да сфатите што му смета. Можеби навистина не сте во право и треба де поработите на вашето однесување.