Денес од 13:00 до 14:00 часот ќе има едночасовна блокада низ цела држава. Блокади се најавени во Скопје пред Владата, како и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.
Оваа информација вчера ја соопшти поранешниот амбасадор Ивица Боцевски кој се обрати пред присутните на протестот „Ултиматум – НЕ Благодарам“.
-Ве повикуваме, утре ќе ве информираме каде ќе бидат и како ќе течат блокадите. Ќе ја блокираме цела Македонија, додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси, за одбрана на македонскиот јазик, на македонскиот народ и на македонската држава. Да живее Македонија, изјави вчера Боцевски.
Активностите на граѓаните кои протестираа против францускиот предлог во изминатите шест дена, денеска продолжуваат со блокади низ државата, а протест повторно е најавен за в недела во 19 часот.