Славчо Попоски прогнозира до кога ќе врне

ИЗВОРНов Лист
|

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО за овој период од годината, на повеќе места со врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2). Локлно ќе има услови и за појава на грмежи а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа утре, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на постепен ПОРАСТ, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.