Според информациите на дописничката на МИА од Атина, невреме вчера зафати голем дел на Грција предизвикувајќи поплави и проблеми, особено во северните региони на земјата.
Меѓу најпогодените беа Халкидики, Солун, Лариса, како и островите Тасос и Евија, каде што поради обилниот дожд се поплавија голем дел од улиците.
Во период од шест часа противпожарна служба во Солун, Кукуш и Пела добила 340 повици за интервенција поради поплавите и невремето.
Покрај обилните врнежи кои предизвикаа поплави, удари на гром на три различни локации на Пелопонез предизвикале помали пожари, а гром удри и во куќа во Лариса и го уништи кровот.