Поповиќ и подарил на Сузана мајмун за роденден – Пејачката била изненадена па го исфрлила од дома, а еве каде завршил

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Сузана Јовановиќ откри дека сопругот Саша Поповиќ и подарил мајмун за роденден.

Како што откри Сузана, мајмунот завршил во зоолошка градина бидејќи не се разбирале:

– Донесе мајмун во мојата куќа. Тоа беше подарок за роденден. Заврши во зоолошка градина бидејќи јас и тој воопшто не се согласувавме – изјави Сузана.

– Никогаш нема да заборавам. Еден ден косата ми беше фатена во реп. Дојдов да му дадам храна. Тој сакаше да јаде јаболка. Го чувавме во градината, имавме голем, стаклен кафез. Ја испуштив храната и дојдов малку поблиску до него да го дофатам она што испадна да му го дадам, а потоа ме фати за коса и почна да се тресе и да ме влече – изјави Сузана, а потоа додаде:

– Му реков на Саша да го исфрли тоа чудо. Го дадовме во зоолошка градина, не знам што се случува со него сега – изјави пејачката.