Регулаторна денес ќе одлучува за нови цени на горивата

|

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Во четвртокот минатата недела, РКЕ одлучи цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 да се намали за три денари.

За 2,5 денари се намалија и цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло
за домаќинство (ЕЛ-1) .

Цената на Мазутот М-1 НС се намали за 1,085 ден/кг и изнесува 51,564 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм).