Малото девојченце се возеше во автомобилот кога покрај нив застана една мечка. Девојчето одлучи да ѝ мавне со раката, а нејзината реакција ги воодушеви сите. Љубезната мечка одлучи да го направи истото – весело му мавна на девојчето за да му отпоздрави.
Се чита за минута, а ќе ви ги отвори очите за цел живот: Приказна за магарето кое паднало во бунар
Еден ден едно магаре паднало во бунар. Животното со часови жалосно завивало и селанецот се обидувал со денови да смисли што да направи.
На крајот заклучил дека животното е старо и дека и онака требало да го затрупа бунарот – не помислил дека магарето е вредно за спасување. Ги повикал сите свои соседи на помош. Секој од нив земал лопата и почнале да фрлаат земја во бунарот.
Магарето сфатило што се случува и преплашено завивало. Меѓутоа набргу престанало. По некое време селанецот погледнал во бунарот, и глетката го изненадила.
Со секоја лопата земја која паѓала врз него, магарето правело нешто неверојатно: ја тресело земјата од себе и застанувало на неа.
Сите се зачудиле кога магарето зачекорило преку бунарот и поминало.
Слично на ова, материјалниот свет секогаш над вас ќе фрла ѓубре, бидејќи е полн со невољи. Трикот да се ослободите од неволјата е да се истресете и да направите чекор напред.
Секој од нашите проблеми е отскочна даска. Можеме да излеземе од најдлабоките бунари, така што никогаш нема да застанеме и да се откажеме. Истресете ја невољата од себе и направете чекор напред!
Ослободете го срцето од омраза, ослободете го умот од грижи, живејте едноставно…