Горан Јовановски, брат на Мартин кој е третиот Македонец по кого се трага во Грција ја повика Владата да помогне во пронаѓање и да организира акција. Тој повика да се направи се што е можно и да не се откажуваат акциите додека не се пронајде неговиот брат.
„Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата спасивачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун кои изминативе три дена се заедно со нашето семејство во потрага на нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош.
Затоа апелираме од македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи со потрагата по Мартин бидејки според грчките закони потрагата од нивна страна ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските грагани да помогнат доколку се во можност а за чија помош би можела Владата да организира со некаква акција.
Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин“, напиша Јовановски.