Германската лотарија е во потрага по добитник кој освоил еден милион евра во 2019 година и не се огласил да ја бара својата добивка.
Според соопштението од Германската лотарија, лото тикетот е уплатен во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт.
Среќниот добитник мора да се појави до крајот на оваа година, инаку парите ќе се слеваат во следното специјално национално извлекување, изјави во вторникот во Магдебург извршниот директор на Лото, Стефан Еберт.
Инаку, сопственикот на ливчето ги уплатил комбинациите за две лото извлекувања „6 од 49“ на 28.11.2019 година. Два дена подоцна ги добил првите добивки, една двојка со „супер број“ и една недела подоцна една тројка.
Со сметката играчот подигнал добивка од 17,30 евра на продажното место на 7 декември. Во следното специјално извлекување на 9 декември 2019 година, тој стана милионер – но сè уште не се пријавил.
Добитниците на лотаријата обично имаат три години да се пријават и да ги побараат своите добивки. Доколку не се јави добитникот, неподигнатите пари ќе бидат вратени во наградниот фонд на следното вонредно извлекување.