Вкупно десет лица се приведени денеска поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон пред Собранието за протестите против предлог-преговарачката рамка.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, покрај веќе објавените, за фрлање на тврди предмети кон објектот на Собранието, приведени се и М.М. (34) од село Глуво, Д.П. (45) од Скопје, Н.А. (63) и С.М. (65), а О.Ч. (38) од Ресен поради обид за кра жба со цел демонтирање на заштитната ограда пред зградата на Собранието, по член 236 од Кривичниот законик.
Како што претходно објави МВР приведени се И С.Н. (44) од Скопје, Д.К. (41) од Скопје, А.С. (30) од с. Бардовци, М.С. (26) од Скопје и Б.Ц. (29) од с. Долно Коњари.
Од МВР велат дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.