Златно, жолтите плажи во Будва продолжуваат да мамат воздишки!

ИЗВОРНов Лист
|

Прекрасни плажи, небесно сино море и богат ноќен живот се само дел од работите кои ги нуди Будва, за да имате неповторливо летно уживање. Додека гостопримливиот народ кој живее во Будва ќе направи да се чувствувате како дома. Будва и оваа сезона со многу љубов сака традиционално да ги угости сите туристи од целиот Балкан, кои претставуваат значаен дел од вкупниот број на посетители во изминатите години.

Будва е многу повеќе од нејзините плажи и брегови. Како еден од најстарите градови на јадранскиот брег, Будва изобилува со прекрасни градби и историски знаменитости во стариот дел на градот кои можете да ги посетите додека не уживате во сонцето на некоја од златно-жолтите плажи.

Тесните будвански улички ќе ве однесат на незаборавни прошетки преку кои подобро ќе го запознаете локалното население кое секогаш е љубезно и расположено за разговор со посетителите, а можеби ќе сретнете и некој од светски познати музичари, актери, спортисти и дипломати, кои често доаѓаат тука да го поминат својот летен одмор.

Веќе со години Будва е позната како најсјајниот туристички бисер на јадранскиот брег. Таа претставува уникатен микс на култури под влијание на истокот и западот, на кој придонесува секој еден турист кој ќе стапне на нејзината територија. И ова лето може во Будва ве чекаат огромен број активности кои ќе ви ги исполнат деновите: нуркање, скијање на вода, музички спектакли и секако, прекрасна храна. Дознајте зошто Будва е една од омилените туристички дестинации во Европа.

Будва ве очекува!