Како што самата изјави, најважно и било кариерата да не пропадне и кога ќе дојде време да си купи стан.
Пејачката Милица Павловиќ долги години живеела како потстанар кај цимер во Белград. Сега после неколку години работа решила заработените пари да ги вложи во недвижен имот и да купи стан во еден од најлуксузните делови на Белград. Според медиумите, таа за тој стан издвоила 320.000 евра.
Очигледно, долгогодишното вложување во настапи и песни, како и бројните непроспиени ноќи, вродија со плод. Конечно го решила станбеното прашање и купила луксузен стан во кој ќе живее.
Пејачката купила имот од 90 метри квадратни во населбата Запад 65 во Нов Белград, кој чини 3.000 евра за метар квадратен. Сите пари што ги заштедила и заработила од албумот „Засекогаш“ ги вложила во луксузен имот.
— Милица отсекогаш сакала да има свој стан, но сакала постепено да ги оствари своите соништа. Таа е кариеристка и вложи многу во кариерата, но дојде време да размислува за покрив над главата. Бидејќи пред да стане ѕвезда на Гранд, живеела во околината на Лесковац, со години изнајмила стан во Белград и го делела со цимер. На таквиот начин на живот сега му дојде крајот – вели извор на Блиц и открива како пејачката се одлучила за овој стан.
— По совет на пријател, а по разговор со архитект, Милица решила да купи стан во новоизградената населба Запад 65, каде квадрат чини 3.000 евра. Во оваа населба станови имаат многу познати личности на кои пред се им е важна безбедноста, но и добрата градба и удобност. Тоа беше доволна препорака да се крие таму и гаранција дека ќе има приватност – додава изворот на Блиц.
Освен што самиот стан чини 270.000 евра, пејачката вложила дополнителни 50.000 евра во уредувањето на ентериерот, така што се ја чинела вкупно 320.000 евра.
Во нејзиниот дом преовладуваат беж и кафени бои, додека трпезариските столчиња се сини. Она што е интересно е тоа што пејачката ангажирала професионалци кои ќе и помогнат во уредувањето на нејзиниот дом. она што е сигурно е дека успеале да направат да изгледа беспрекорно.
Да потсетиме, Милица честопати изјавуваше дека кариерата и е на прво место и дека има големи планови кога е во прашање. Таа важи за голем професионалец и не препушта ништо на случајноста кога се во прашање нејзината музика и кариера. Но, после долго време конечно реши да си обезбеди покрив над глава, купувајќи луксузен имот во дел од градот, кој важи за еден од најелитните.