Одлична е за вечера или доручек: Рецепт за брза пица тост

ИЗВОРНов Лист
|

Кој не сака пица и кој не сака тост,
но сте пробале ли комбинација од двете?

Доколку одговорот е не, тогаш продолжете со читање и дознајте го рецептот.

Состојки (за четири лица): Девет кришки леб за тост, три големи лажици кечап, една голема лажица маслиново масло, зачини оригано, босилек, бибер, сол, 150 грама чадена шунка, 150 грама рендана гауда и три парчиња свежи домати.

Подготовка: Наредете ги кришките тост на плех обложен со хартија за печење. За преливот измешајте кечап, маслиново масло и зачини.

Премачкајте го секое парче. Шунката исечкајте ја на парчиња и наредете ја рамномерно на секое парче.

Одозгора ставете го ренданиот кашкавал и на крај по еден прстен од свежите домати. Посипете со оригано.

Се пече во загреана рерна на 200 степени 10 минути.